Владата со 100 милиони денари ќе ги крева на нозе малите фирми

Bez autora
Jul 10 2012

Невработените лица и фирмите од денеска може да аплицираат во Агенцијата за вработување за средства од проектот за кредитирање на микро и на мали претпријатија со отворање нови работни места. Со 100 милиони денари од државниот буџет се очекуваат 550 нови вработувања. Kорисници на парите од владината мерка може да бидат микро и мали претпријатија регистрирани најмалку една година пред денот на објавување на јавниот оглас и што имаат најмалку двајца вработени минимум три месеци, а не го намалиле бројот на вработените во последните шест месеци. Ќе може да има вработување за евидентирани невработени најмалку три месеци до денот на објавата на јавниот оглас. Kредитирањето изнесува 3.000 евра по вработено лице, со максимум износ до 9.000 евра, за три нововработени лица, односно три нови работни места.

Владата со 100 милиони денари ќе ги крева на нозе малите фирмиНевработените лица и фирмите од денеска може да аплицираат во Агенцијата за вработување  за средства од проектот за кредитирање на микро и на мали претпријатија со отворање нови работни места.

Со 100 милиони денари од државниот буџет се очекуваат 550 нови вработувања.

Парите за мали и микро претпријатија

Kорисници на парите од владината мерка може да бидат микро и мали претпријатија регистрирани најмалку една година пред денот на објавување на јавниот оглас и што имаат најмалку двајца вработени минимум три месеци, а не го намалиле бројот на вработените во последните шест месеци. Ќе може да има вработување за евидентирани невработени најмалку три месеци до денот на објавата на јавниот оглас.

По 3.000 евра за вработено лице

Kредитирањето изнесува 3.000 евра по вработено лице, со максимум износ до 9.000 евра, за три нововработени лица, односно три нови работни места. Фирмата што ќе вработи лица со пари од овој проект има обврска да ги задржи на работа најмалку 36 месеци или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на Агенцијата за вработување. Во спротивно, ќе треба предвремено да го врати кредитот во целост.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik